(ВИДЕО) Величествено збогување со најголемиот: Аргентинците го испратија Меси во солзи

Од:

Лионел Меси (39) го одигра последниот натпревар за аргентинската репрезентација во Буенос Аирес, на „Монументал“, против Бенин. Аргентина победи со 3:0, а Меси постигна еден гол и запиша две асистенции.

Во 48. минута му асистираше на Николас Отаменди, а во 61. минута и на Нико Паз. Во 71. минута од пенал го постигна својот 126. и последен гол за репрезентацијата.

Меси се прости од националниот тим како рекордер по бројот на настапи (208), голови (126) и асистенции (69). Со Аргентина ги освои сите најважни трофеи – Светското првенство, две Копа Америка и олимписко злато.

„Не сакам да си заминам. Му благодарам на Бога што сум Аргентинец и горд сум што сум Аргентинец и што го остварив овој сон со сите вас“, порача Меси во прошталниот говор.

По натпреварот тој заплака, додека целиот стадион му приреди спектакуларно испраќање. Над Буенос Аирес со дронови беа прикажани неговиот лик, бројот 10 и трофејот од Светското првенство. Меси го напушти теренот во придружба на сопругата и децата, поминувајќи низ шпалир од репрезентативците кои му аплаудираа.

Би можело да ве интересира

ФИФА откри неверојатен податок за Меси и Аргентина

Лионел Меси стана сопственик на уште еден фудбалски клуб

А1он

(ВИДЕО) Феноменален гол на Меси од слободен удар

А1он

Билетите за „последното танго“ на Меси за Аргентина распродадени за два часа

А1он

Објавени 30-те кандидати за „Златната топка“ – Меси пак е на листата

А1он

Меси веќе нема да игра за Аргентина

А1он