Сите патници од авион на „Ер Србија“, кој требало да лета од Сплит за Белград, биле евакуирани во поради опасност од бомба.
Летот бил планиран за 15:20 часот, а полицијата привела еден од патниците, објави „Дневник.хр“.
Еден од патниците, Винко Пајиќ, раскажал дека на пистата во авионот влегле неколку полициски службеници, дел во униформа, а дел во цивилна облека.
„Низ прозорецот видов полициско возило покрај авионот. Изведоа еден просед господин кој седеше во третиот или четвртиот ред“, изјавил Пајиќ.
Бидејќи на патниците првично не им било јасно што се случува, тој ја прашал стјуардесата за причината. Таа кратко му одговорила дека патникот „го споменал зборот бомба“.
Пајиќ додал дека неколку патници од страв самостојно го напуштиле авионот. Околу 15:40 часот пилотот преку разглас ги известил сите патници дека мора да излезат од авионот поради безбедносен преглед.
