Феликс Санчез најдобар на 400 метри со пречки

Од:

34-годишниот ветеран Феликс Санчез се закити со златото на 400 метри со пречки.

Доминиканскиот атлетичар покажа дека е далеку од пензија, поминувајќи ја делницата со време од 47,63 секунди, што е најдобар резултат сезонава, по што по двете светски титули, ова му е втора олимписка. Среброто го освои Мајкл Тинсли од САД (47,91), додека бронзата Порториканецот Хавиер Кулсон (48,10).
На истата делница, но без препреки, славјето му припадна на 19-годишниот тинејџер Кирани Џејмс од Гранада, кој до златниот медал дојде со време од 43,94 секунди.

Второто место го освои Лигуелин Сантош од Доминикана, додека третото место му припадна на Лалонде Гордон од Тринидад и Тобаго. Куриозитет е податокот дека во финалната трка немаше претставник од САД.

Би можело да ве интересира

Полска сака да биде домаќин на Олимписките игри во 2040 или 2044 година

Ватерполистите на Србија ја победија Америка и се пласираа во финалето

Ѓоковиќ го освои олимпиското злато и ја комплетираше колекцијата на најголемите тениски трофеи

Предраг Петровиќ

Леброн Џејмс сака да игра на Олимпијадата во Париз – ќе го предводи дрим-тимот

Олимпиското злато и беше одземено на Русинка и доделено на Американка

А1он

Спортистите од Русија и од Белорусија ќе добијат забрана и за Олимписките Игри во Париз?