Естонија: Руските напади не треба да се нарекуваат хибридни, туку терористички

Од:

Естонскиот министер за надворешни работи Маргус Цахкна денеска изјави дека европските земји треба да престанат да ги нарекуваат руските напади „хибридни“, бидејќи, како што наведе, станува збор за терористички и саботажни напади кои се дел од систематско руско дејствување против Европа.

„Тоа се терористички напади, тоа се саботажни напади и тоа е дел од еден вид војна“, рече Цахкна во интервју за бриселскиот портал „Политико“.

Тој ги даде овие коментари откако Естонија соопшти дека руските специјални служби се одговорни за подметнувањето пожар во август во објектот на компанијата „Милрем роботикс“ (Milrem Robotics) во Талин, која произведува беспилотни копнени возила за Украина.

Би можело да ве интересира

Русија предупреди: Секој напад на Калининград од Британија или НАТО ќе биде одвратен со сите средства, вклучително и нуклеарно оружје

Откриен планот на Трамп за Русија

Предраг Петровиќ

Русија тестираше ласер за неутрализирање на дронови

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) На работ на пропаст: Нема храна, вода ни лекови, луѓето од очај јадат трева

(ВИДЕО) Парализа на Украина: Русите отворија нов фронт

Руските компании сè почесто сами ги штитат објектите од украински дронови