Две нови категории стипендии за студенти, се размислува и за нови видови субвенционирање на студентскиот оброк

Од:

Нови две категории стипендии за студенти, покрај постојните што МОН ги доделува секоја година, најави денеска министерката за образование и наука Весна Јаневска. Ќе се доделуваат стипендии за студенти со ретки болести и за студенти со посебни образовни потреби и сите што за нив ќе се пријават ќе ги добијат стипендиите.

– Со тоа повеќе млади ќе добијат поддршка за пристап до високото образование, рече Јаневска која во обраќањето на првиот академски час на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ соопшти дека наскоро ќе биде објавен конкурсот за стипендии.

Во однос на иницијативата на студентските организации за зголемување на дневниот износ за студентски оброк од 140 на 200 денари, министерката одговори дека се размислува за нови видови на субвенционирање на студентскиот оброк кои ги има во соседството и за коишто во минатото е разговарано со студентите.

Притоа нагласи дека сите иницијативи на студентите со внимание се разгледуваат и оти досега со студентите има одлична соработка и уверена е дека тоа и ќе продолжи.

-Се разбира, во договор со нив ние формираме приоритети. Приоритети во овој момент се студентските домови, но тоа не значи дека оваа иницијатива нема да ја разгледаме. Да, ја разгледуваме, правиме пресметки, но размислуваме и за нови видови на субвенционирање на студентскиот оброк кои ги има во нашата околина и за коишто во минатото сме разговарале со студентите. Оттука, кога ќе го завршиме процесот, секако со решенија во рамките на нашите буџетски можности, јавно ќе бидат информирани и студентите, изјави Јаневска за медиумите по првиот академски час на УКИМ.

Министерката посочи и на други мерки што го унапредуваат студентскиот стандард и подобрувањето на условите за престој со реконструкцијата на студентските домови.

По отворањето на „Стив Наумов“ во Автокоманда вчера, наскоро вселив ќе биде и „Кузман Јосифовски-Питу“ во центарот на Скопје. Двата дома се реновираа темелно во изминатите две години.

Конкурсот за сместување во „Кузман“, рече Јаневска, ќе биде распишан следниот ден откога ќе бидат готови докуемнтите за неговата употреба.

-Конкурсот ќе биде распишан следниот ден кога ние ќе завршиме со документите кои се потребни за реална употреба на студентскиот дом. Во постојан контакт сме со изведувачот и тие финализираат, но потребни ни се уште неколку дена за да ја завршиме комплетната документација, додаде Јаневска.

Би можело да ве интересира

Јаневска за случајот со Дарко Василевски: МОН нема ингеренции за вработување специјалисти на Медицински факултет, ДПИ ќе постапува ако се работи за избор во звање

Левица: Кого прави будала Јаневска?

А1он

Левица предлага зголемување на студентскиот оброк со износ на 1% од минималната плата и да важи за сите студенти

(ВИДЕО) Лукаревска до Јаневска: Затворивте 26 училишта – дали сè уште планирате да станат старски домови?

ХЕРА до Министерството за образование: Ќе ги тргнете часовите, но не и силувањата, уцените, ХИВ и раните бремености

A1on

Јаневска: Изборниот предмет Сеопфатно сексуално образование го повлекуваме и ќе направиме длабока ревизија по барање на јавноста