Левица поднесува интерпелација за министерката за енергетика Сања Божиновска

Од:

Пратеничката група на Левица ќе поднесе интерпелација за работата на министерката за енергетика, рударство и минерални суровини Сања Божиновска, соопшти денеска на прес-конференција во Собранието пратеникот од Левица Амар Мециновиќ.

Според Мециновиќ, со интерпелацијата се отвора прашањето за управувањето со енергетскиот сектор, минералните суровини и природните богатства, како и за резултатите што Владата ги постигнала во овој ресор во изминатите две години.

– Денеска не отвораме прашање за само еден ресор, едно кадровско решение на Владата, туку отвароме многу посуштински прашања. Кому му служи македонската држава, кому припаѓаат енергијата, рудите и природните богатства со кои располагаме? Енергетиката не е обична стопанска гранка, електричната енергија не е нешто кое треба да се третира како луксуз, а ниту рудните богатства смеат да бидат ексклузивно право и сопственост на оние кои во даден момент имаат политичка моќ да го раздаваат. Енергетската инфраструктура, минералните суровини и природните богатства се прашања на економски суверенитет и национална безбедност и способност на една држава самостојно да ја определува својата иднина – посочи Мециновиќ.

Оцени дека енергетската сиромаштија расте и посочи на финансиската состојба на државните енергетски компании во однос на приватните субјекти во секторот, нагласувајќи дека државните компании се задолжуваат сѐ повеќе и повеќе. Во последните две години, додаде, долгот на ЕСМ е зголемен за 17 милиони евра.

– На почетокот на мандатот на Сања Божиновска, ние го поставивме прашањето за долговите на ЕСМ кои тогаш се зголемуваа од тримесечје во тримесечје. Божиновска рече пред Парламентот дека ќе ги менаџира долговите, дека тоа се долгови од минатото, дека сето тоа долгови кои нејзиното Министерство и воопшто управувањето со целиот ресор и надвор од Министерството, кое ВМРО-ДПМНЕ го има, може да го прави сега со долговите на власта, дека ќе се намалува долгот, дека ќе се води рационално и домаќински. Во последните две години од нејзиното владеење долгот е зголемен за 17 милиони евра, и сега имаме речиси 175 милиони евра долг на ЕСМ. Ние имаме еден еквилибриум каде што државните компании произведуваат долгови, додека приватните компании во електроенергетскиот систем остваруваат рекорден профит – рече Мециновиќ.

Во интерпелацијата, тој посочи дека се адресира моделот на функционирање на електроенергетскиот пазар, прашањето зошто компанијата „ЕСМ Продажба“ не настапува на пазарот со пониска маржа, како и прашања поврзани со рударските концесии во југоисточниот регион од земјата, односно за рудникот Иловица-Штука и постапките за геолошки истражувања. Мециновиќ упати критики и за кадровските решенија во Регулаторната комисија за енергетика и побара поддршка за интерпелацијата од останатите пратенички групи во Собранието.

Би можело да ве интересира

Бојанов: Советничка од Левица која е ударна тупаница на СДС, има бујна имагинација и за да ги сокрие своите врски со криминалното скопско подземје се служи со клевети и навреди

(ВИДЕО) Стефковски ѝ се закани на советничката од Левица, Маја Никодиновска со ликвидација: „Пази да не завршиш како Оки и Жила“, тврдат од Левица

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Левица: Мијалков не може да ја демантира неговата бизнис мрежа околу Барутана

А1он

Левица: Клеветите на Филипче и Мицкоски не ја менуваат нашата позиција ниту го бришат нивното минато и денешната реалност во Македонија

Мециновиќ: СДСМ покажа дека нема намера да се бори против власта и кохабитира со ДПМНЕ – Левица разговара со сите опозициски чинители

Предраг Петровиќ