Бесплатно советувалиште во Центар за дојка

Од:

Прашајте пред да напипате нешто

Во текот на розовиот октомври, ПЗУ Центарот за дојка нуди бесплатно советување за здравјето на дојките, наменето за сите жени и млади девојки што сакаат стручни информации и совети.

Секој петок од 13.30 до 14.30 часот, жените ќе можат да разговараат со лекарите и медицинскиот персонал за превенцијата, правилниот самопреглед, препознавањето на промените и редовните прегледи.

-Сакаме на жените да им овозможиме простор за отворен разговор, каде што ќе добијат точни информации и стручен совет. Розовиот октомври има важна улога во подигнување на свесноста за ракот на дојка, но грижата за здравјето не смее да биде обврска еднаш годишно. Затоа, сега прашајте, не чекајте да напипате нешто за да побарате преглед, велат од Центар за дојка.

Советувалиштето има превентивен и едукативен карактер и не е наменето за пациентки со веќе поставена дијагноза.

За посета на советувалиштето, потребно е да се закаже термин на телефонскиот број 02 3060 840.

Би можело да ве интересира

Владата препорача работа од дома за вработените во институциите во зградата на „Нова Македонија“ поради техничката хаварија

Мицкоски: СДС е против се, а е само за марихуана економија во Македонија

Јосифово на удар од диви свињи: цело стадо се спушти над селото, жителите бараат итна реакција

Предраг Петровиќ

Поведена истрага за примање поткуп против инспекторка за храна

Предраг Петровиќ

Мециновиќ: СДСМ покажа дека нема намера да се бори против власта и кохабитира со ДПМНЕ – Левица разговара со сите опозициски чинители

Предраг Петровиќ

Промовирана алатка за пријавување онлајн вознемирување врз жени во медиумите