Мерките за горивата ќе го чинат Буџетот 6-7 милијарди, можен нов ребаланс

Од:

Очекуваме до крајот на годината да бидеме покуси за околу 6-7 милијарди од она што сме го планирале и затоа е можно дотогаш да имаме уште еден ребаланс на Буџетот, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговорајќи на новинарски прашања, по увидот во домот „Стив Наумов“, Мицкоски уште еднаш напомена дека инфлацијата во Македонија е под контрола.

– Не би рекол дека кај нас инфлацијата има голем замав, два месеца по ред е контролирана и е под европскиот просек. Ќе видиме како ќе биде во септември. Се што е од 2 – 3 отсто е во рамки на очекуваното. Предизвик е испораката на нафтата и нафтените деривати, цените на берзите и мерките што ги имплементираме како Влада. Тоа ќе не чини како само по основ на акцизата околу пет милијарди денари, а поради намалениот ДДВ и уште некоја милијарда повеќе. Затоа, се разгледува можноста за уште еден ребаланс, истакна Мицкоски.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Мицкоски бара смена на директорот што го издаде „Македониум“ за спот

Филипче: Со изолацијата од ЕУ Мицкоски изгради ѕид околу земјата – граѓаните ја плаќаат цената

(ВИДЕО) Мицкоски: Во преговорите со Бугарија, логично е присуството на ЕУ

Фон дер Лајен в петок доаѓа во Скопје

Катерина Ѓуровски

Мицкоски: СДС е против се, а е само за марихуана економија во Македонија

(ВИДЕО) Филипче ја нападна платформата „12:05“: Шизофрен собир на пучисти, шемаџии и сателити на Мицкоски

Катерина Ѓуровски