Припадници на Министерството за внатрешни работи на Србија во Ниш исклучија од сообраќај 41-годишен државјанин на Македонија, кој возеше со брзина од 214 километри на час на автопатот Белград – Ниш, иако ограничувањето на брзината на таа делница изнесува 130 километри на час.
Како што се наведува во соопштението на Полициската управа во Ниш, возачот на автомобилот „бмв“ вчера беше запрен од полициско возило-пресретнувач, откако беше утврдено дека ја надмина дозволената брзина за 84 километри на час.
Полицијата го исклучила од сообраќај и против него поднела прекршочна пријава за сторен сообраќаен прекршок.
Потоа тој е изведен пред судија за прекршоци, кој му изрече парична казна од 100.000 динари. Покрај паричната казна, на возачот му е изречена и заштитна мерка забрана за управување со моторно возило од категорија „Б“ во траење од осум месеци.
