Почина четиригодишниот син на македонскиот пејач Марјан Стојаноски, Петар. Веста денеска ја објави самиот Стојаноски на својот профил на Фејсбук.
Засега не се објавени информации за причината за смртта.
Петар е роден во декември 2021 година. Марјан и неговата сопруга Наташа се родители на три деца – две ќерки и синот Петар.
Стојаноски има долгогодишна музичка кариера и настапувал на повеќе музички фестивали. Тој е член на хорот на Националната опера и балет.
