Малолетници соблекоа и снимаа 6-годишно дете во училиште во Кочани

Од:

Шестгодишно дете е физички нападнато, соблечено и снимано со паметен часовник од страна на група малолетници во соблекувалната на спортската сала на основното училиште во Кочани. Случајот во полиција го пријавил таткото на детето.

„На 24.9.2026 во 12:45 часот во ОВР Кочани, 42-годишен маж од Кочани пријави дека во соблекувална од спортска сала на основно училиште во Кочани, неговото шест и пол годишно дете било физички нападнато, соблечено и снимано со паметен часовник од неколку други малолетни деца, поголеми од неговото дете“, информираа од Министерството за внатрешни работи.

За случајот се известени надлежен јавен обвинител и Центарот за социјална работа.

Би можело да ве интересира

Уапсени се 10 пијани возачи – меѓу нив и две жени

А1он

Пијан Мексиканец со тврд предмет нападна полицајци во парк во Ѓорче Петров

А1он

На тротоар прегазена 74 годишна радовишанка

А1он

Во сообраќајка на патот Битола – Прилеп загина 17годишна девојка

А1он

Двajца загинати и тројца повредени во сообраќајка кај Агино Село

А1он

Уапсен е 37 годишник од скопско Марино – возеше со над 3 промили алкохол во крвта

А1он