(ВИДЕО) Драма во Британија: Авион се запали во воздух, пилотите се катапултираа пред падот

Од:

Двајца пилоти на британското Кралско воздухопловство (RAF) се катапултираа од воен авион за обука непосредно пред неговото паѓање во Северен Велс. Двајцата безбедно се приземјија со падобрани.

Полицијата на Северен Велс потврди дека авионот RAF „T-2 Hawk“ се урнал кај Пенкарнисиог на островот Англси, во близина на базата RAF Вали.

Според локалните медиуми, пилотите се здобиле со полесни повреди. На местото на несреќата биле испратени хеликоптерски екипи на крајбрежната стража и велшката итна воздушна помош, по што пилотите биле пренесени на лекување во Бирмингем.

„Двајцата пилоти се згрижени поради повреди за кои се верува дека се полесни. Во оваа фаза нема информации за други причинети штети или повредени лица“, соопшти полицијата.

На граѓаните им е упатен апел до понатамошно да го избегнуваат подрачјето каде што се случила несреќата.

Од RAF соопштија дека дошло до инцидент со авион кој полетал од базата RAF Вали и дека истрагата е во тек. Од британското кралско воздухопловство засега не сакаат да изнесуваат дополнителни детали.

Министерот за одбрана Вес Стритинг се огласи на платформата Икс и порача дека неговите мисли се со пилотите.

„Истрагата е во тек. Нови информации ќе објавиме штом бидат достапни“, напиша Стритинг.

Оченвидец тврди дека авионот се запалил во воздух

Еден од очевидците, Пит Бенет, за „North Wales Live“ раскажа дека го набљудувал авионот за време на полетувањето.

„Веднаш знаев дека авионот има проблеми. Штом полета, се појави портокалов пламен, а додека забрзуваше, практично гореше. Пламенот исчезна како што се искачуваше, но беше очигледно дека нешто не е во ред“, изјави Бенет.

Според неговите зборови, авионот се искачувал под многу остар агол, а потоа двапати силно се затресол во воздухот, по што се слушнале две силни експлозии.

„Пилотите се катапултираа и двата падобрана се отворија“, раскажа очевидецот.

Пилотите биле пренесени во болницата „Квин Елизабет“ во Бирмингем, каде што се наоѓа Кралскиот центар за одбранбена медицина.

Во базата RAF Вали, од која полетал авионот, принцот од Велс служел како пилот во мисии за пребарување и спасување од 2010 до 2013 година.

Би можело да ве интересира

Синот на израелскиот амбасадор во САД тешко повреден на Западниот Брег: „Му треба чудо“

Руски воен хеликоптер влезе во полскиот воздушен простор, Полска подигна борбени авиони

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

Водечките ТВ мрежи, меѓу кои и Fox News, престанаа да го следат Трамп во знак на поддршка за CNN

Евтината енергија е единствениот спас: АфД и Путин договараат средба

Полскиот премиер изнесе досега непозната бројка за украинските загуби: „Ова се рекорди“