Откриена нелеглана плантажа на канабис во Струмичко

Од:

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство Струмица поднела кривична пријава против З. М. (34) и А. Т. Г. (30), двајцата од општина Ново Село, поради постоење основи на сомнение дека сториле кривично дело неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори по член 215 од Кривичниот законик.

Како што информираат од Министерството за внатрешни работи, по претходен меѓусебен договор, во скриен дел од парцела на местото наречено Матник, во атарот на селото Секирник, Струмичко, пријавените ја обработиле почвата, посадиле и одгледувале стебла од растението канабис.

– Врз основа на судска наредба, полициски службеници од СВР Струмица презеле повеќе службени дејства и посебни истражни мерки со техничка поддршка од полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Исток, при што биле обезбедени докази за поврзаност на пријавените во одгледувањето на засадените стебла канабис по што биле лишени од слобода и задржани во Полициската станица Струмица. Во службен разговор тие признале дека по обезбедувањето семе од растението канабис, ја обработиле почвата и направиле нелегална плантажа, на која во мај 2026 година ги засадиле семињата и ги одгледувале растенијата со цел производство на марихуана – велат од Министерството.

Како што посочуваат од МВР, од пријавените се одземени повеќе стебла со различна висина и вкупна тежина од речиси 680 килограми.

Од Министерството соопштуваат дека по поднесувањето на кривичната пријава, З. М. и А. Т. Г. биле изведени пред судија на претходна постапка од Основен суд Струмица.

Би можело да ве интересира

Некои од запленетите нелегални лекови биле наменети за домашниот, други за странскиот пазар

Тешко повреден штипјанец донесен во Клинички, тврди дека го тепал болничар во установа во гевгелиско

Катерина Ѓуровски

Изгоре куќа во селото Пирава, пронајдено тело

ВИДЕО: Расправија па тепачка меѓу тетовец и кумановец, МВР објави детали за инцидентот на скопскиот аеродром

Мексиканец со лименка пиво удрил полицаец на „Октобер фест“ во Ѓорче Петров

Катерина Ѓуровски

Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина