Полициска акција против криминална група за шврец на лекови, осомничени и вработени во Царина

Од:

Голема полициска акција е во тек на повеќе локации во Скопје, Чаир, Тетово и Гевгелија, во рамки на истрага против криминална група осомничена за криумчарење и нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи, како и за коруптивни кривични дела.

Според првичните и неофицијални информации, досега се уапсени шест лица, а полицијата трага по уште неколкумина. Меѓу осомничените, според истите информации, има и лица вработени во Царинската управа.

Полициски екипи вршат претреси на повеќе од десет локации во Скопје, Тетово и Гевгелија.

При претресите во правни субјекти во Скопје и Тетово, според досегашните информации, биле пронајдени магацини со различни медицински лекови. Во еден од објектите била пронајдена и машина за екстракција на масло.

Во акцијата постапува Одделот за сузбивање на организиран криминал при Бирото за јавна безбедност во рамки на Министерството за внатрешни работи.

Истрагата, според неофицијалните информации, опфаќа сомненија за криумчарење, повреда на права од индустриска сопственост, давање и примање поткуп, како и перење пари.

Акцијата сè уште е во тек, а повеќе детали за бројот на приведените лица, пронајдените предмети и кривично-правната квалификација на делата се очекуваат од надлежните институции.

Би можело да ве интересира

Уапсен е странски државјанин на „Ќафасан“ – со фалц документи проба да излезе од Македонија

А1он

Поднесено обвинение за дел од осомничените во предметот со фалсификуваните возачки дозволи

Загина 67-годишен охриѓанец во несреќа со мотор

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Казнета е жената со „Поршето“ која фрлаше ѓубре во Лепенец

Полицијата го пронајде беживотното тело на исчезнатиот скопјанец во водите на Охридското Езеро

Уапсен дилер баран со потерница, две години бил во бегство

Катерина Ѓуровски