Доколку екстремно десничарската АфД ја преземе власта во Германија, тоа ќе значи крај за Европската Унија, предупредува поранешниот претседател на Европската комисија и експремиер на Италија, Романо Проди.
Во гостување на „Радио 24“, Проди поврза повеќе глобални закани со внатрешните политички предизвици.
Неговата процена укажува дека евентуална победа на екстремната десница во најголемата европска економија би го парализирала функционирањето на Унијата, што би имало далекусежни последици и за македонските евроинтеграции, со оглед на клучната улога на Берлин во процесот на проширување.
Проди нагласи дека Европската Унија и сега тешко ги спроведува сопствените одлуки, а радикална промена на курсот во Германија дополнително би го поткопала нејзиниот темел.
