Николас Џексон (25), новиот напаѓач на Астон Вила, го постигна својот прв гол во Премиер лигата за клубот, но за она што го направи неколку секунди подоцна се зборува многу повеќе.
Астон Вила победи против Тотенхем со 3:2, а Џексон беше стрелец на голот за 2:0. Напаѓачот ја заврши акцијата по одличен прв допир со топката и конечно стави крај на својот голгетерски пост во првенството.
Et… LA CÉLÉBRATION DE NICO JACKSON 🇸🇳. 😂💀
Ça régale Unaï Emery 🇪🇸 mais alors les supporters de Tottenham ont dû câbler…
🎥 @PremierLeague https://t.co/1IZ4fuOxwm
— Actu Foot (@ActuFoot_) September 19, 2026
Сепак, неговата прослава привлече големо внимание. Џексон застана директно пред телевизиските камери, го испружи палецот, потоа го крена и брзо го спушти. Потоа, направи гест со раката преку вратот што личеше на „кинење глава“. Не е познато што Џексон сакаше да каже со тој гест.
Уследија бројни реакции на социјалните мрежи. Дел од навивачите остро го критикуваа неговиот потег, а некои дури побараа и исфрлање на играчот од фудбалот.
Џексон пристигна во Астон Вила од Челси ова лето за 55 милиони евра, по неуспешната позајмица во Баерн.
Неговиот почеток во новиот клуб не беше идеален. Постигна гол во победата над Клуб Бриж во Лигата на шампионите, но на првите три првенствени натпревари немаше ниту гол, ниту асистенција.
Конечно му тргна против Тотенхем во Премиер лигата.
Слична ситуација се случи и во Франција. Парис Брунер, 20-годишен германски репрезентативец до 21 година и член на Монако, направи гест на пресекување на грлото откако постигна гол минатиот викенд. Поради тоа, му се заканува суспензија, а дисциплинската комисија на Лига 1 ќе одлучува за евентуална казна.
