(ВИДЕО) Голот кој заслужува награда „Пушкаш“ е постигнат во првата лига на Мексико

Од:

Дуелот, кој важеше за дерби во мексиканската Апертура, а во кој силите ги одмерија домашниот тим „Америка“ и гостинската Гвадалахара, понуди врвен фудбалски спектакл и возбудлива завршница што резултираше со поделба на бодовите и конечен резултат 2:2.

Овој натпревар имаше посебен натпреварувачки набој, со оглед на тоа што претставуваше директен судир меѓу второпласираната и третопласираната екипа на табелата. Сепак, самиот почеток на мечот не се одвиваше онака како што посакуваа навивачите на домашниот тим.

Екипата на Америка се најде во сериозни проблеми уште во првиот дел од играта, бидејќи Гвадалахара го диктираше темпото и успеа да создаде значителна предност.

Мрежата на домаќините се затресе првпат во 32. минута, кога Брајан Гонзалес беше прецизен и им донесе водство на гостите. Мигел Васкез се погрижи ситуацијата за домаќините да стане уште потешка, тој постигна автогол во втората минута од судиското надополнување на првото полувреме, испраќајќи го тимот на Америка на пауза со голем заостаток од 0:2, што целосно ги замолче домашните навивачи на трибините.

Тогаш на сцена стапи Мигел Борха, кој во 71. минута остана осамен во противничкиот шеснаесетник и фантастично ја зафати топката, изведувајќи потег со „ножички“ каков што исклучително ретко се гледа на фудбалските терени.

Погодок кој сериозно се наметнува за наградата „Пушкаш“ за гол на сезоната.

Би можело да ве интересира

Мексико е прв учесник во нокаут фазата на Светското првенство 2026

А1он

Голманот на Мексико по шести пат ќе биде учесник на Светско првенство

А1он