Голманот на Мексико по шести пат ќе биде учесник на Светско првенство

Од:

Селекторот на Мексико ги одбра фудбалерите кои ќе настапат на претстојното Светското првенство.

Најинтересното име на листата е Гилермо Очоа за кого ова ќе биде шесто Светско првенство.

Голманот ќе има ист број учества на Мундијалите како Лионел Меси и Кристијано Роналдо. Овие тројца не пропуштиле ниту едно Светско првенство од 2006 година.

Мексико го отвора Светското првенство со натпревар против Јужна Африка, кој ќе се игра на 11 јуни. Овој натпревар ќе го отвори Светското првенство во САД, Мексико и Канада.

Ова е списокот на фудбалери кои ќе настапат за Мексико:

Голмани: Раул Ранхел (Чивас Гвадалахара), Карлос Асеведо (Сантос), Гилермо Очоа (АЕЛ Лимасол)

Одбрана: Сезар Монтес (Локомотив Москва), Жоан Васкез (Џенова), Хорхе Санчез (ПАОК), Израел Рејес (Клуб Америка), Матео Чавез (АЗ Алкмар), Хесус Гаљардо (Толука).

Среден ред: Луис Ромо (Чивас Гвадалахара), Брајан Гутиерез (Чивас Гвадалахара), Алваро Фидалго (Бетис), Ерик Лира (Круз Азул), Луис Чавез (Динамо Москва), Обед Варгас (Атлетико Мадрид), Орбелин Морбеда (АЕК Атина), Едсон Алварез (Фенербахче), Хилберто Мора (Тихуана), Цесар. Хуерта (Андерлехт).

Напад: Алексис Вега (Толука), Роберто Алварадо (Чивас Гвадалахара), Раул Хименез (Фулам), Сантијаго Хименез (Милан), Хулијан Кињонес (Ал Кадиција), Гиљермо Мартинез (Пумас), Армандо Гонзалес (Чивас).

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Си го одржа зборот – Кукуреља ја покажа новата тетоважа и ги воодушеви навивачите

А1он

Меси, Роналдо и Мбапе испишаа историја – ова се рекордите од Светското првенство 2026

А1он

Нејмар е во најлошиот тим на Мундијалот 2026 – тука се и Ван дајк, Фернандеш, Вирц, Мектоминај…

А1он

Меси: Болката е огромна, ќе биде потребно време оваа рана да зарасне

А1он

(ВИДЕО) Паричката што ја закопа Кукуреља заврши работа – Шпанија е шампион

А1он

Панчев: Шпанија беше доминантна, фудбалот се менува – ерата на големите поединци завршува

А1он