На четвртиот ден по објавувањето на пресудата против Хашим Тачи, Кадри Весељи, Јакуп Красниќи и Реџеп Сељими, Албанците протестираат низ Косово и Метохија, но и во градови во Италија, Швајцарија и Германија, а за 22 септември е најавен собир во Њујорк, пред зградата на Обединетите нации.
Синоќа на главниот плоштад „Скендербег“ во Приштина, неколку илјади Косовци повторно порачаа дека Тачи и останатите не се криминалци, туку ослободители, и дека се неправедно осудени.
Тие побараа нивно итно ослободување, додека правните експерти истакнуваат дека поранешните лидери на таканаречената ОВК нема да бидат ослободени преку протести, знамиња и песни, туку преку единствена правна стратегија.
И покрај дождот, организаторите претходно најавија дека протестот ќе продолжи, а медиумите во Приштина кратко по почетокот известија дека илјадници луѓе повторно излегле на плоштадот.
Мотото и четвртата вечер остана „Не во мое име“, како реакција на воведните зборови на судијата Чарлс Смит при изрекувањето на пресудата на 16 септември.
