Граѓани алармираат за присуство на стаорци и глувци на општинскиот паркинг кој се наоѓа меѓу Трговскиот центар „Буњаковец“ и Основното училиште „Ј. Х. Песталоци“ во Скопје.
Според објавата на социјалните мрежи, на паркингот се забележани и живи и угинати глодари. Фотографиите се направени на 17 септември 2026 година.
Граѓаните бараат реакција од Општина Центар, општинскиот Инспекторат и градоначалникот Горан Герасимовски, со цел да се преземат соодветни мерки за решавање на проблемот.
