Пред 15 месеци играше во трета лига, Клоп сега го вика во репрезентација

Од:

Јирген Клоп, новиот селектор на германската фудбалска репрезентација, подготвува значителни промени во тимот откако го наследи Јулијан Нагелсман по слабиот резултат на Светското првенство.

Поранешниот тренер на Ливерпул, кој беше надвор од фудбалот повеќе од една година, утре ќе го објави својот прв список на играчи за Лигата на нации, а веќе е познато дека направи сосема неочекуван потег.

Според информациите објавени од новинарот на „Скај Спорт“, Флоријан Плетенберг, на списокот на Клоп се наоѓа Феликс Кајдел, 23-годишен играч на Елверсберг.

Наводно, новиот селектор веќе лично разговараше со Кајдел и му потврди дека следната недела ќе дебитира за репрезентацијата.

Повикот до Кајдел директно влијае на позицијата на Џошуа Кимих.

Планот е Кајдел да ја преземе улогата на десен бек, што значи дека Кимих трајно се преместува во средниот ред. Таа одлука е јасен показател дека Клоп има намера да ги спроведе тактичките промени што ги најави и дека има голема доверба во младиот играч на Елверсберг.

Германската јавност е изненадена од овој избор, главно поради брзиот подем на Кајдел.

Пред само 15 месеци тој играше во третата лига за Инголштат, а минатото лето премина во Елверсберг за 400.000 евра, со кој клуб избори пласман во Бундеслигата.

Кајдел имаше одличен старт на новата сезона, запишувајќи еден гол и две асистенции на првите четири натпревари.

Реакциите во Германија засега се поделени, а медиумите шпекулираат дека ова не е единственото изненадување што новиот селектор го подготвува за својот прв список на играчи

Би можело да ве интересира

Јирген Клоп официјално ќе ја преземе функцијата селектор на Германија следната недела

„Џентлменски“ договор на Нагелсман со Германскиот фудбалски сојуз – ќе наплати 7 милиони евра за заминувањето

А1он

Малер над малерите – Гнабри пропушта второ Светско првенство поради повреда

А1он

Клоп си ја отвори душата: Никогаш повеќе нема да бидам тренер

А1он

Клоп: Бекер да не го освоеше Вимблдон во 1985 година, јас немаше да бидам тука денес

А1он