Јирген Клоп официјално ќе ја преземе функцијата селектор на Германија следната недела

Од:

Јирген Клоп официјално ќе ја преземе функцијата селектор на Германија следната недела, ривал на Србија во Лигата на нации, објави денес германскиот радиодифузер „Скај Спорт“.

Според „Скај Спорт“, сите детали од соработката меѓу поранешниот менаџер на Ливерпул и челниците на Германската фудбалска асоцијација (ДФБ) се финализирани и се очекува Клоп официјално да биде назначен за тренер на „панцерите“ следната недела, најверојатно во среда.

Истиот извор тврди дека Клоп (59) ќе потпише четиригодишен договор со челниците на ДФБ и дека ќе дебитира на клупата на 24 септември кога Германија ќе ја пречека Холандија во Групата А2 од Лигата на нации.

Би можело да ве интересира

Клоп си ја отвори душата: Никогаш повеќе нема да бидам тренер

А1он

Клоп: Бекер да не го освоеше Вимблдон во 1985 година, јас немаше да бидам тука денес

А1он