Малер над малерите – Гнабри пропушта второ Светско првенство поради повреда

Од:

Фудбалерите на Баерн Минхен денеска имаат шанса да ја освојат 35-тата титула шампион на Германија, а за тоа им е потребен барем нерешен резултат во дербито против Штутгарт, но идиличниот крај на викендот го расипа веста за повредата на Серж Гнабри, кој, како што стојат работите, ја заврши сезоната.

Сè се случи во сабота попладне на тренингот пред натпреварот против Штутгарт, а првите проценки што клубот ги даде кратко потоа воопшто не беа оптимистички и предвидуваат пауза од три месеци.

Очигледно, ова значи дека фудбалерот, кој ја завршува својата осма сезона во Баерн, ќе го пропушти и претстојното Светско првенство на ФИФА, кое ќе биде второ што ќе го пропушти поради повреда.

Претходно, таков беше случајот со Светското првенство во Русија, каде што поради проблеми со препоните, не успеа да биде дел од селекцијата што пристигна во оваа земја како актуелен светски шампион.

Со оглед на тоа дека станува збор за играч кој веќе влезе во четвртата деценија од животот, прашањето е дали некогаш ќе има можност да ги брани боите на националниот тим на најголемиот фудбалски настан.

Би можело да ве интересира

Лекарите не знаат што му е – нови загрижувачки вести од болницата за тренерот на Баерн Минхен

А1он

Колабираше на тренинг – тренерот на Баерн со хеликоптер префрлен во болница во Минхен

А1он

(ВИДЕО) Баерн заврши одлична работа – Кејн потпишува до 2029 година

А1он

(ВИДЕО) По негова грешка Нојер го прими најбрзиот гол во историјата на Бундес лигата

А1он

Нов кикс за Клоп на клупата на „Панцирите“: Не смее да се загуби ваков натпревар!

А1он

Пред 15 месеци играше во трета лига, Клоп сега го вика во репрезентација

А1он