Лекарите не знаат што му е – нови загрижувачки вести од болницата за тренерот на Баерн Минхен

Од:

Тренерот на Баерн Минхен – Белгиецот Венсан Компани колабираше за време на тренинг, по што со хеликоптер беше префрлен во болница, каде што се наоѓа веќе неколку дена.

Според информациите што стигнаа до јавноста, лекарите се обидуваат да ја утврдат причината за здравствените проблеми на Компани.

Белгиецот, меѓу другото, има чести главоболки и јасно е дека некое време нема да го гледаме на клупата на тимот од Минхен.

Дополнително, најновите информации велат дека ситуацијата за поранешниот фудбалер на Манчестер Сити е уште потешка, бидејќи при падот на тренингот му се изместило рамото.

Откако навивачите на Баерн и љубителите на фудбалот ширум Европа сериозно се загрижија, од Баерн излегоа со соопштение:

„Венсан Компани е под медицински надзор. Компани мораше да побара лекарска помош во петокот, откако колабираше за време на тренинг на резервниот тим на Баерн. Тренерот на првиот тим го следеше тренингот на вториот тим кога се случи инцидентот.

Компани ќе биде подложен на детални прегледи во болницата и ќе остане под медицински надзор. Дотогаш, неговиот стручен штаб ќе ги води тренинзите и ќе се грижи за сите активности поврзани со натпреварите.

Тренерот на Баерн Минхен, Венсан Компани, е префрлен во болница откако колабираше за време на тренинг, а германскиот клуб ја објави здравствената состојба на белгискиот стручњак.

Во петокот, Компани го следеше тренингот на младинскиот тим на Баерн – откако претходно ги заврши своите обврски со првиот тим – кога одеднаш му се слоши.

Лекарската служба веднаш реагираше, а тренерот на баварскиот клуб беше префрлен во болница, каде што ќе биде подложен на детални прегледи и ќе остане под медицински надзор. Како што пренесуваат германските медиуми, медицински хеликоптер слета директно на теренот во Минхен“, се наведува во соопштението на Баерн.

Неколку дена подоцна, таткото на тренерот се огласи и изјави дека за лошата здравствена состојба на неговиот син се виновни темпото на живот и работа, како и прекумерното трошење на секојдневно ниво.

„Тој беше неверојатно дисциплиниран уште додека беше играч, но сега, како тренер, отиде чекор понатаму. Неговото секојдневие практично не познава одмор. Пристигнува во тренинг-центарот рано наутро, а си заминува последен навечер. Обично работи по 18 часа дневно, па во текот на работните денови речиси и да нема можност да ги гледа децата“, изјави Пјер, таткото на Венсан Компани.

Би можело да ве интересира

Колабираше на тренинг – тренерот на Баерн со хеликоптер префрлен во болница во Минхен

А1он

(ВИДЕО) Баерн заврши одлична работа – Кејн потпишува до 2029 година

А1он

(ВИДЕО) По негова грешка Нојер го прими најбрзиот гол во историјата на Бундес лигата

А1он

Неодамна наполни 40 години, а сега потпишува нов договор со Баерн Минхен

А1он

Сензационалниот Баерн Минхен ја освои титулата и влезе во историјата

А1он

Малер над малерите – Гнабри пропушта второ Светско првенство поради повреда

А1он