(ВИДЕО) По негова грешка Нојер го прими најбрзиот гол во историјата на Бундес лигата

Од:

Фудбалерите на Баерн Минхен денеска направија кикс во 5. коло од Бундеслигата, откако одиграа нерешено на гостувањето кај истоимениот тим од блискиот Аугсбург, но најмногу ќе се зборува за огромната грешка на Мануел Нојер.

Имено, на овој натпревар Баерн прими гол по само шест секунди, како последица на целосен пад на концентрацијата кај голманот на тимот, кој е убедливо најискусниот играч на теренот.

Фелхауер беше подготвен да ја искористи таа грешка, па по споменатите шест секунди, на семафорот веќе стоеше 1:0 за домашниот тим, што беше и резултатот на полувремето.

По паузата, како што се очекуваше, Баерн мораше да ја преземе иницијативата, па уште во 51. минута голот на Дијаз беше поништен поради офсајд. Сепак, само четири минути подоцна, израмнувањето сепак дојде преку Саибари.

Во 64. минута, Рибеиро повторно му ја врати предноста на домашниот тим, но на крајот Баерн сепак успеа да извлече барем нерешен резултат, откако Браун ја смести топката во мрежата во 80. минута од натпреварот.

Баерн сè уште заостанува зад Дортмунд и го зазема второто место, со можност Фрајбург да го престигне до крајот на колото.

Би можело да ве интересира

Лекарите не знаат што му е – нови загрижувачки вести од болницата за тренерот на Баерн Минхен

А1он

Колабираше на тренинг – тренерот на Баерн со хеликоптер префрлен во болница во Минхен

А1он

(ВИДЕО) Баерн заврши одлична работа – Кејн потпишува до 2029 година

А1он

Неодамна наполни 40 години, а сега потпишува нов договор со Баерн Минхен

А1он

Сензационалниот Баерн Минхен ја освои титулата и влезе во историјата

А1он

Малер над малерите – Гнабри пропушта второ Светско првенство поради повреда

А1он