Земјотрес со Рихтерова локална магнитуда од 2,7 степени е почувствуван денеска во 14 часот и 29 минути во југоисточните делови на државата, соопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.
Според податоците на Опсерваторијата, епицентарот на земјотресот потекнува од епицентралното подрачје Делчево-Берово, на околу 122 километри југоисточно од Скопје.
Потресот е почувствуван во југоисточните делови на Републиката, особено во Пехчево, Берово и околината, со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.
Од Сеизмолошката опсерваторија апелираат до граѓаните кои го почувствувале земјотресот, за потребите на сеизмолошките истражувања, да го пополнат прашалникот за почувствуваност достапен на линкот: https://seismobsko.pmf.ukim.edu.mk/prasalnici или да се јават на телефонскиот број 112.
