Перински не може да исплати породилно отсуство навреме, ама ќе им праќал контроли на болните – ДПМНЕ го претвора Фондот во полиција за сиромашни, обвинува Левица

Од:

Опозициската Левица го обвини директорот на Фондот за здравствено осигурување, Златко Перински, дека наместо да обезбеди навремена исплата на надоместоците и подобра здравствена сигурност за граѓаните, подготвува нови ограничувања и контроли за работниците кои користат боледување.

„Наместо да обезбеди здравствена сигурност и навремена исплата на надоместоците, Фондот најавува скратување на боледувањето од матичен лекар и дополнителни контроли врз болните работници“, велат од Левица.

Од партијата сметаат дека со ваквите мерки работниците се третираат како потенцијални измамници, наместо да се заштитат од, како што велат, несигурни работни места, притисоци од работодавачите и недостоинствени услови за работа.

„Наместо да се справува со работодавачите кои ги принудуваат работниците да работат болни, не го почитуваат работното време и безбедноста при работа, Перински најавува контролори кои ќе тропаат на врата за да проверуваат дали работникот е дома“, стои во реакцијата.

Левица го критикува и Фондот поради доцнењето на исплатата на породилниот надоместок, прашувајќи како може институцијата да најавува нови контроли врз работниците кога, според партијата, не успева навремено да ги исплати средствата што им следуваат на породилките.

„Како може да се зборува за дисциплина и одговорност кај работниците, кога институцијата задолжена за нивната здравствена и социјална сигурност не си ја исполнува својата основна обврска?“, прашуваат од Левица.

Од партијата упатија критики и кон Перински, наведувајќи дека ДПМНЕ го менувала законот за да може тој да биде поставен на чело на Фондот, а притоа го доведуваат во прашање и неговото образование и професионални квалификации.

„Граѓаните заслужуваат здравствен систем кој ќе им биде потпора кога се болни, а не репресивен механизам кој ќе ги плаши дека ќе бидат санкционирани ако не се дома во моментот кога контролорот ќе реши да им ѕвони на врата“, додаваат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица предлага зголемување на студентскиот оброк со износ на 1% од минималната плата и да важи за сите студенти

Нови, построги правила за боледувањата

Катерина Ѓуровски

Левица: Фотографии откриваат партиско агитирање за ДПМНЕ од членови на “независната” второстепена Комисија

Левица: Апсурд е Владата да одлучи за 300 милиони, а потоа да тврди дека парите не се државни и дека Државна лотарија не е државна

Левица: Синовите на шоферот на Јанушев со години штитени од полицијата – бараме одговори од Тошковски

А1он

Левица: ДПМНЕ мисли дека народот е идиот

А1он