Почина најстариот човек што го преживеа Холокаустот – имаше 107 години

Од:

Јехуда Ахарон Видавски, кој важеше за најстар преживеан од Холокаустот, почина во Израел на 107-годишна возраст, објавија денеска израелските медиуми и Меморијалниот центар „Аушвиц-Биркенау“.

Видавски, роден во Полска во 1919 година, почина во неделата, според информациите од Меморијалниот центар „Аушвиц-Биркенау“ и неколку израелски медиуми.

Израелскиот претседател Исак Херцог изрази сочувство до „прекрасното семејство“ на Видавски.

Видавски, меѓу другото, го преживеа концентрациониот логор Аушвиц.

Голем дел од неговото семејство беше убиено за време на нацистичкото владеење. Тој емигрираше во Израел во 1950 година.

Од 1978 година, тој учествуваше во обновувањето на еврејските гробови во Полска. Исто така, помогна во идентификувањето и обележувањето на повеќе од три илјади гробови, се наведува во соопштението на Меморијалниот центар „Аушвиц-Биркенау“.

Израелскиот претседател на платформата „Икс“ напиша дека животот на Видавски беше „извонредно сведоштво за победата на животот, сеќавањето и обновувањето“.

Би можело да ве интересира

Во Штип се одбележаа 81 година од депортацијата на Евреите во логорот на смртта „Треблинка“

Одбележување на 80 години од Холокаустот на македонските Евреи

Ана Ололовска

Македонија стана полноправна членка на Меѓународната алијанса за сеќавање на холокаустот

А1он

Пендаровски: Да се сеќаваме на вистината за холокаустот, за никогаш да не се повтори

Жарко Настоски

Владини претставници на комеморациите по повод 78-годишнината од холокаустот на македонските Евреи

Жарко Настоски

Пендаровски на 78-годишнината од холокаустот на македонските Евреи во Треблинка: Простуваме, но не забораваме

Ана Ололовска