Кратовец со нож прободе полицаец, ќе оди во притвор

Од:

Основното јавно обвинителство Куманово донесе Наредба за спроведување истражна постапка и предложи мерка притвор за едно лице, за кое постои основано сомнение дека сторило кривично дело – Напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста од член 383 став 3 во врска со став 1 од Кривичен законик.

Осомничениот 40-годишник од Кратово, на 11 септември, нападнал службено лице при вршење работи на јавната безбедност кои се однесуваат на спречување на кривично дело и на полицискиот службеник му нанел тешка телесна повреда.

Кога двајца полицајци употребиле сила и ја отвориле заклучената врата од собата во која се наоѓал осомничениот, тој ги нападнал.

На еден од полициските службеници со ножот му нанел тешки телесни повреди – прободна рана и посекотина.

Ценејќи ја опасноста од бегство и можноста да го повтори делото, јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот.

Би можело да ве интересира

Осумдневен притвор за двајцата вработени на штипскиот Универзитет „Гоце Делчев“

Перпарим Бајрами излегува од притвор со гаранција од 1,1 милион евра

А1он

30 дена притвор за Марко Кричак и Бошко Секуловиќ

Обвинителството бара притвор за 20-годишник кој нападна дете од спротивната навивачка група пред „Јане Сандански“

Горан Наумовски

Триесет дена притвор за осомничените за убиствата во Хром и во Ѓорче Петров

Се бара притвор за 20 годишник од тетовско – осомничен е за компјутерски криминал и дистрибуција на детска порнографија

А1он