(ВИДЕО) Загина уште еден руски генерал

Од:

Рускиот генерал-полковник Сергеј Милчаков, кој командуваше со силите вклучени во заземањето на неколку населби во регионот на Доњецк, можно е да загина во украински напад врз рускиот воен штаб во привремено окупираниот Доњецк кон крајот на август.

Како што објави независниот руски портал „Важни истории“ (Важные истории), Милчаков претходно командуваше со една од формациите на руските сили и, според достапните информации, учествуваше во операциите што доведоа до заземање на Авдијивка и други населби во регионот на Доњецк.

Неколку руски воени блогери и пропагандисти блиски до режимот објавија дека загина руски воен функционер, кого го опишале како „Херој на Русија“, но јавно не го соопштија неговото име.

Набрзо настана забуна околу идентитетот на загинатиот. Одредени руски канали на Телеграм тврдеа дека загина Алексеј Милчаков, командантот на саботажно-јуришната група „Русич“.

Сепак, порталот „Важни истории“ објави дека е можно да дошло до замена на идентитетот и дека всушност станува збор за генерал-полковникот Сергеј Милчаков.

Неговата наводна смрт сè уште не е официјално потврдена.

Доколку информацијата се потврди, Милчаков е 23-тиот руски генерал за кого е јавено дека загина за време на војната во Украина.

Би можело да ве интересира

Млад фудбалер загина синоќа во сообраќајна несреќа

А1он

(ВИДЕО) Русите погодија трговски центар полн со луѓе – најмалку четворица загинаа

А1он

Русите со дрон ја погодија зградата на украинската телевизија во Киев – петмина повредени

А1он

Кошаркарскиот тренер Антонио Савески е возачот кој загина во несреќата на патот Охрид-Кичево

A1on

Путин: Русија се движи кон крајот на војната во Украина

А1он

Песков: Mировните преговори меѓу Русија и Украина се на пауза

А1он