Левица: Фотографии откриваат партиско агитирање за ДПМНЕ од членови на “независната” второстепена Комисија

Од:

Левица објави фотографии за кои тврди дека откриваат јавна поддршка и партиско агитирање за ВМРО-ДПМНЕ од страна на членови на Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен.

Од партијата посочуваат на Маја Бичиклиска, Тања Дедејска и Симона Лескароска, поставувајќи прашање дали членовите на ова тело се независни професионалци или партиски послушници.

„Наместо Државната второстепена комисија да биде гаранција за законитост, професионалност и непристрасност, истата е претворена во партиски штаб за ургенции од власта, платен со државни пари“, велат од Левица.

Според партијата, членовите на Комисијата примаат плати од приближно 2.000 евра месечно, токму за да се гарантира независно и непристрасно одлучување по жалбите на граѓаните.

Од Левица прашуваат како е можно членови на независен државен орган да бидат активни во партиски комисии, штабови, работни тела или други партиски структури, а истовремено да одлучуваат по предмети во кои се засегнати државни институции, јавни службеници и лица поврзани со власта.

„Доколку лицата кои одлучуваат по жалбите на граѓаните истовремено извршуваат партиски задачи, тогаш кој ја гарантира нивната независност?“, прашуваат од партијата.

Левица предупредува дека паралелното извршување партиски задачи и функција во Комисијата може да отвори сомнеж за судир на интереси или политичко влијание врз одлучувањето, особено во предмети поврзани со институции или лица со партиска поврзаност.

Од партијата повикуваат надлежните институции да утврдат не само дали членовите формално членуваат во органи на политичка партија, туку и дали фактички извршуваат партиски задачи и дали таквата активност е компатибилна со нивната функција во независен државен орган.

„Власта на Мицкоски не може да бара од граѓаните да веруваат во независноста на институциите, додека истовремено остава сомнеж дека луѓе платени со јавни пари извршуваат партиски задачи“, велат од Левица.

Би можело да ве интересира

Левица: Апсурд е Владата да одлучи за 300 милиони, а потоа да тврди дека парите не се државни и дека Државна лотарија не е државна

Левица: Синовите на шоферот на Јанушев со години штитени од полицијата – бараме одговори од Тошковски

А1он

Левица: ДПМНЕ мисли дека народот е идиот

А1он

(ВИДЕО) Јанчев: Левица со предлог-закон за отстранување на бизнис мотивот за подметнување шумски пожари

Левица: Осудените за „Дурмо Турс“ излегуваат од затвор, правдата бавно доаѓа

(ВИДЕО) Левица: Во Кисела Вода посегнаа да бркаат наш советник од седница кога не им се допаѓа вистината

Горан Наумовски