Затвореник избега од болница во Грција

Од:

Затвореник избега од Општата болница во Серес, во северна Грција, откако неговите соучесници, облечени како полицајци, ги разоружаа затворските чувари и го извлекоа од затворското возило, јавува грчката јавна телевизија ЕРТ.

Инцидентот се случи доцна синоќа по 23 часот, кога припадници на надворешното обезбедување на затворот „Нигрита“ превезуваа тројца затвореници до психијатриското одделение на Општата болница во Серес.

По пристигнувањето на затворското возило во кругот на болницата, вооружени лица облечени во униформи на специјалната полициска единица ОПКЕ (OPKE) и со маски на лицата излегоа од две возила.

Заканувајќи се со „Калашњикови“, тие го извлекоа од возилото 41-годишниот државјанин на Албанија, кој издржуваше казна за трговија со дрога и обид за убиство, а потоа побегнаа заедно со него.

Притоа, напаѓачите му го одземаа и оружјето на еден од припадниците на затворското обезбедување.

Грчката полиција започна опсежна потрага по избеганиот затвореник и неговите соучесници.

Според грчките медиуми, избеганиот затвореник важи за опасен криминалец.

Би можело да ве интересира

Силен земјотрес ја погоди Грција

Грција: Загинаа двајцата пилоти на воениот авион што се урна за време на аеромитингот

(ВИДЕО) Се урна грчки воен авион, засега нема информации за евентуални жртви

Србинка падна додека возеше џет-ски во Грција и загуби свест

А1он

Пожари во Грција: Состојбата во Пела се подобрува, огнот во Саламина сè уште беснее

Анкара се подготвува за најлошото: Во сценаријата е и војна со Грција и Израел