Кривична пријава за убиството во Чаир: Двајца осомничени за смртта на 26-годишникот

Од:

Единицата за насилен криминал – Одделение за крвни и сексуални деликти при СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Р.К. и И.С., поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „убиство“.

Кривичната пријава се однесува на настанот од 6 септември, околу 23:30 часот, во близина на раскрсницата помеѓу ул. „Прохор Пчински“ и ул. „Војдан Чернодрински“ во Скопје, кога од мотоцикл со две лица било пукано со огнено оружје кон група лица.

При пукањето, А.М.(26) од Скопје бил погоден со проектил, по што со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, каде починал.

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во понеделникот истакна дека интензивно се работи на расчистување на случајот со убиството на 26-годишното момче во Чаир, нагласувајќи дека МВР има првични информации за сторителите и дека едниот од нив моментално е на издржување казна затвор.

Тошковски нагласи дека се обезбедени соодветни докази и се надева оти најбрзо што може ќе се обезбедат сторителите и ќе бидат предмет на кривичен прогон.

-Во овој момент официјално не би можел да издвојам кои се мотивите. Можам само да истакнам дека интензивно се работи на предметното кривично дело. Министерството за внатрешни работи има првични информации за сторителите. Има обезбедено и соодветни докази во однос на тоа кои се сторителите, така што се надевам дека најбрзо што може ќе ги обезбедиме и тие ќе бидат предмет на кривичен прогон, како што, да речеме, беа и многумина во изминатиот период, а притоа сторија огромен број кривични дела во изминативе години. И сега имаме таков случај – рече Тошковски во врска со убиството во Чаир.

Во СВР Скопје на 6 септември во 23:30 часот е пријавено дека во близина на раскрсница помеѓу ул. „Прохор Пчински“ и ул.„Војдан Чернодрински“ во Скопје, додека Д.Г. (29), А.Џ. (24), К.Б.(36), Е.Б.(25) и А.М. (26), сите од Скопје стоеле пред излог на фирма, застанал мотоцикл на кој имало две лица, кои пукале со огнено оружје кон групата, по што се дале во бегство. Еден од проектилите го погодил А.М., кој со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде починал.

Во однос на тоа дали станува збор за пресметка меѓу криминални банди или станува збор за индивидуален чин на насилство, министерот за внатрешни работи изјави дека според првичните информации не станува збор за организирана криминална група која се пресметува за превласт на теренот, туку за некои други причини. Тој тогаш додаде додаде дека сè уште во овој момент е рано да се соопштат детали во јавноста и нагласи да се остави истрагата да си ја заврши работата.

Би можело да ве интересира

Ја уби сопругата додека детето славеше роденден – таа повика полиција еден час претходно

А1он

Иранскиот паравоен командант Абдолрауф Ешаги е убиен во терористички напад

А1он

Убиство во Дуќанџик – пукаа кон петмина, 26 годишен скопјанец настрада

А1он

Чаир со платформа за превенција и справување со врсничкото насилство, најавени се и нови мерки од МОН

A1on

Прободе дете во Чаир, но нема да одговара кривично – има 13 години

Горан Наумовски

Поради кавга заради гласна музика, синот го претепа и го запали својот татко во креветот

А1он