Драма кај Оман: Проектили погодија два брода, еден се запали

Од:

Четири неидентификувани проектили погодија два брода на четири наутички милји западно од Хасаб, Оман, соопшти денеска Агенцијата за поморски трговски операции на Обединетото Кралство.

Според британската поморска организација, по ударот избувнал пожар на еден од бродовите, додека состојбата на вториот брод останува непозната, пренесе Ројтерс.

Капетанот на вториот брод пријавил дека видел како проектили погодуваат два брода на приближно шест наутички милји северно од неговата позиција, се наведува во соопштението.

Засега нема дополнителни детали за инцидентот.

Би можело да ве интересира

Рубио: Нема потреба од понатамошни напади врз Иран

Венс размислува за директна средба со ирански функционер за ставање крај на војната

Иран отвори прв воен камп за обука на жени

Bloomberg: Иран произведува 50 балистички ракети месечно

Иран ги обвинува САД за поттикнување шпионажа: Награда од 20 милиони долари ги става нуклеарните постројки во опасност

Калибаф: Откривањето на новиот ракетен град е јасна порака до непријателите на Иран