(ВИДЕО) Познатиот аргентински фудбалер има проблеми со менталното здравје

Од:

Познатиот аргентински фудбалер Езекиел Лавеци помина низ многу тешки моменти во животот. Од напаѓач од кого стравуваа одбраните низ цела Европа, неговото здравје беше целосно уништено поради зависности.

За време на неодамнешното интервју во Неапол, јавноста и верните навивачи останаа во шок откако забележаа силно тресење на рацете и нозете кај својот миленик.

Овој впечатлив детаљ беше доволен за миг да предизвика силна загриженост, а снимките почнаа масовно да се споделуваат.

Моментот во кој здравствените проблеми беа јасно видливи на екранот предизвика лавина од реакции и голема загриженост за неговата моментална физичка и општа состојба. Неапол, како град исклучително емотивно поврзан со своите херои, бурно реагираше на овие снимки, а медиумите и социјалните мрежи веднаш почнале да поставуваат бројни прашања за тоа што всушност се случува зад сцената и каква е неговата вистинска здравствена состојба.

– Поко е во процес на рехабилитација поради проблеми со менталното здравје кои произлегуваат од зависност. Она што се виде на камерите најверојатно е поврзано со препишаната терапија со лекови – објасни аргентинската новинарка Лаура Убфал.

Самиот Лавеци отворено зборуваше за тешките времиња низ кои минувал.

– Си реков: „Не можам да му го уништам животот на син ми“. Поминав низ многу работи и денес сум на лекување, но имаше и многу мрачни моменти. Ме убедија да одам на лекување. Бев во клиника со луѓе што не ги познавав и кои немаа никаква врска со мојот свет. Сето тоа те тера да сфатиш каде си згрешил во животот и да си кажеш: „Не сакам таков живот“ – рече тој.

Во текот на кариерата, тој одигра над 500 натпревари, постигна 142 гола и запиша 123 асистенции настапувајќи за Естудијантес, Џенова, Сан Лоренцо, ПСЖ, Наполи и клубови во Кина.

Би можело да ве интересира

Меси веќе нема да игра за Аргентина

А1он

Халанд го промени имиџот

А1он

Паредес доби драконска казна од ФИФА за хаосот по финалето на Мундијалот

А1он

(ВИДЕО) Застрашувачка сцена: Гром уби фудбалер за време на натпревар

Горан Наумовски

Меси: Болката е огромна, ќе биде потребно време оваа рана да зарасне

А1он

ФИФА покрена истрага против Аргентина, а Британците порачуваат: „Тргнете ги рацете од Фолкландските Острови“

А1он