СДСМ реагира на изјавата на премиерот Христијан Мицкоски кој денеска изјави дека одбележувањето на 35 годишнината од независноста на државата Буџетот и граѓаните сето ги чинело нула денари и сите активности биле организирани од општественo одговорни компании.
„Гета бесплатно? Целата прослава бесплатно? Тоа што го платила Државна Лотарија, која е во сопственост на државата – тоа не важи?“, велат од СДСМ.
„Уште една лага на Мицкоски. Само лаги. Човекот кога ќе ја отвори устата – лаже. Не знаеме дали и самиот почна да верува во сопствените лаги, бидејќи неверојатно е некој да мисли дека граѓаните можат да поверуваат во вакви бесмислени лаги.
Државната лотарија е државна. Парите на Државната лотарија се народни пари.Кога државна компанија плаќа од дивидендата за концерти и прослави на Владата – тоа се пари на граѓаните. Нема „нула денари“. Има префрлање на трошокот од еден џеб на државата во друг. Додека касата е празна, додека се задолжуваат милијарди, додека нема пари за плати, пензии и земјоделци – има пари за спектакли што се претставуваат како „бесплатни“. Мицкоски, граѓаните не се идиоти. Гледаат каде одат парите. И знаат дека „нула денари“ е само уште една лага“, се вели во соопштението.
