Иран ја презеде одговорноста за нападот врз американската база во Јордан денес, откако САД уништија пет ирански танкери за нафта во Заливот. Иранската револуционерна гарда соопшти дека испукала ракети кон американската база Ал-Азрак.
Јорданската војска соопшти дека 20 ракети биле испукани кон јорданска територија, објавија француските медиуми.
Војската соопшти дека 18 ракети биле пресретнати, додека две паднале во ненаселени области.
Иран тврди дека ги таргетирал американските воени објекти – локации каде што се стационирани борбени авиони.
Нападот се случи откако Централната команда на САД (CENTCOM) соопшти дека пет танкери за нафта поврзани со Иран се уништени.
