Водителка од Египет осудена на смрт со бесење

Од:

Станува збор за Сара Халифа, 39-годишна поранешна водителка на криминалистичката емисија „Невозможна мисија“, која низ солзи ја примила веста дека ќе биде погубена во Каиро.

„Ве молам, сослушајте ме, господине. Моите родители добро ме воспитале, тие се верници. Не ми се потребни пари од дрога“, изјавила Халифа, која е мошне популарна на социјалните мрежи. На Инстаграм има речиси три милиони следбеници, пред кои често го прикажувала својот луксузен начин на живот.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Sarah Khalifa (@sara_khaliifa)

Покрај Халифа, уште 11 лица биле осудени на смрт поради раководење со организирана криминална група која увезувала суровини за производство на дрога, објавија египетските медиуми, а пренесе „Њујорк пост“.

Сара ги негирала обвиненијата и пред истражителите изјавила дека „никогаш во животот не запалила ниту цигара“.

Девет лица биле осудени на доживотен затвор, додека седуммина биле ослободени од обвиненијата во случајот во кој биле запленети повеќе од 700 килограми дрога. Истражителите пронашле и нелегално оружје и муниција.

Би можело да ве интересира

Најмалку 15 загинати во стравична автобуска несреќа во Египет

(ВИДЕО) Филмски грабеж на замрзнато пилешко во Египет

А1он

Напад во Египет: Дрон удри во американски танкер за гас во пристаништето Дамиета

Горан Наумовски

„Ве молиме вратете ни ја нашата мајка“ – ТВ водителка јавно им се обрати на киднаперите кои побараа милиони долари во криптовалути

Патнички воз излета од шини во Египет, загинаа најмалку тројца – 94 се повредени

А1он

ВИДЕО: Египќаните фрлаат шишиња со храна во морето за да стигне до Газа

Предраг Петровиќ