Затвореничката осудена на смрт, која преживеа две дози смртоносна инјекција, пуштена од болница

Од:

Криста Пајк, затвореничка осудена на смрт, денес беше пуштена од болница во Нешвил, десет дена откако преживеа обид за погубување со инјектирање на две дози од смртоносниот препарат.

Нејзините адвокати изјавија дека таа е вратена во Центарот за рехабилитација „Дебра К. Џонсон“ во Нешвил, најголемиот затвор за жени во Тенеси, пренесе „Њујорк тајмс“.

„Таа им е благодарна на екипите за итна помош и на својот медицински тим за грижата во овие вонредни околности“, се вели во соопштението на нејзините адвокати.

„Таа продолжува да добива медицинска нега во затворот, а ние ќе продолжиме да го следиме нејзиното закрепнување“, додадоа тие.

Пајк помина три децении во затвор, главно во самица, поради убиството на 19-годишната Колин Слемер, нејзина соученичка од Ноксвил, извршено во 1995 година.

На 30 септември, таа преживеа две дози пентобарбитал.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Неуспешно погубување на осуденичка на смрт, преживеа две инјекции

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) По четири години уапсен во Љубљана: Американец обвинет за убиство на 15-годишна девојка во Тенеси

Водителка од Египет осудена на смрт со бесење

A1on

Помина 30 години во затвор – прва жена по 200 години ќе биде погубена во државата Тенеси

А1он