Орбан: Подгответе се, ова е само почеток

Од:

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес ѝ честиташе на партијата „Алтернатива за Германија“ (AfD) за победата на покраинските избори во Саксонија-Анхалт, оценувајќи дека тоа е „голема ноќ за Германија и Европа“.

„Голема ноќ за Германија и Европа! Им честитам на Алис Вајдел (копретседателка на AfD), Улрих Зигмунд (носител на листата на AfD) и на целата AfD за убедливата победа во Саксонија-Анхалт“, напиша Орбан во објава на социјалната мрежа „Икс“.

„Подгответе се. Ова е само почеток!“, истакна Орбан.

Партијата „Алтернатива за Германија“ (AfD), предводена од Улрих Зигмунд, вчера убедливо победи на покраинските избори во германската покраина Саксонија-Анхалт со освоени 43,8 отсто од гласовите, но не успеа да освои апсолутно мнозинство.

Демохристијанската унија (CDU) на покраинскиот премиер Свен Шулце претрпе тежок пораз и заврши на второто место со само 17,2 отсто од гласовите, според прелиминарните резултати што во текот на ноќта ги објави изборната комисија.

Според прелиминарните резултати, AfD освои 43,8 отсто од гласовите на неделните избори – што е најмалку двојно повеќе во споредба со 20,8-те отсто на изборите во 2021 година; CDU сега доби 17,2 отсто од гласовите (наспроти 37,1 отсто на претходните избори), додека за Социјалдемократската партија на Германија (SPD) гласаа 9,3 отсто од гласачите (во споредба со претходните 8,4 отсто), пренесува утрово весникот „Билд“.

Би можело да ве интересира

Нови апсења во Србија поради планирање хаос за изборите: Приведен маж, пронајдени опасни предмети

АфД бара укинување на Европскиот парламент и промена на еврото

ДИК: По пребројани 100 отсто од гласовите Радически од ВМРО-ДПМНЕ освои најмногу гласови, втор е Јахиј од НАИ

Предраг Петровиќ

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ прогласи убедлива победа во Брвеница, 4 спрема 1, СДС декласиран

Предраг Петровиќ

СДСМ за Брвеница: Пад на гласовите на ВМРО и раст на гласовите на СДСМ за 46%

Партијата „Вреди“ не обезбеди пласман во втор круг од предвремените избори за Брвеница

Предраг Петровиќ