Денеска е погребот на Ратко Младиќ

Од:

Ратко Младиќ, поранешниот командант на Војската на Република Српска, кој почина во Хаг додека ја издржуваше казната доживотен затвор, денес ќе биде погребан на белградските гробишта „Топчидер“.

Неговото тело ќе биде изложено во црквата „Свети Лука“ во населбата Видиковац од 7 до 12 часот, кога ќе започне погребната церемонија.

Некои белградски медиуми објавија дека црковната церемонија ќе ја предводи поглаварот на Српската православна црква, патријархот Порфириј, но тоа не е официјално потврдено.

Светозар Андриќ, член на тимот за организација на погребот, претходно за агенцијата „Срна“ изјави дека потоа ќе се формира колона што ќе го придружува Младиќ до гробиштата „Топчидер“, каде што ќе биде погребан покрај неговата ќерка Ана.

По пристигнувањето на гробиштата „Топчидер“, посмртните останки на Младиќ ќе бидат испратени до гробното место од почесна единица, по што ќе следат почесен плотун и проштални говори, рече Андриќ, додавајќи дека доаѓањето на луѓето од Република Српска и Србија ќе биде регулирано и организирано.

На социјалните мрежи се појавија најави дека се организира превоз за заинтересираните да присуствуваат на погребот на Ратко Младиќ од неколку локални самоуправи во Република Српска и Црна Гора.

Нема најави за тоа кој од државниот врв би можел да присуствува, а претседателот Александар Вучиќ изјави дека во тој период ќе има средба со претседателот на Узбекистан, Шавкат Мирзијојев, „чија посета беше закажана пред неколку месеци“.

На комеморацијата организирана во саботата во Домот на војската во Белград присуствуваа српскиот министер за правда Ненад Вујиќ, претседателот на Република Српска Синиша Каран, како и Радан Остојиќ, министер за труд и заштита на борци и лица со инвалидитет на тој ентитет на Босна и Херцеговина.

Од друга страна, бројни европски функционери го осудија оддавањето почит кон Младиќ.

Европската комесарка за проширување Марта Кос ја откажа посетата на Белград, планирана за 10 септември, за време на која требаше да се сретне со претставници на владата, опозицијата и граѓанското општество, бидејќи смета дека „величењето што следи по неговата смрт не е во согласност со вредностите врз кои се темели европскиот пат“.

Би можело да ве интересира

Белградска парада на гордоста: Голем дел од центарот на градот затворен, сообраќајот променет

Комеморација во Белград: Граѓани му оддаваа почит на Ратко Младиќ

Горан Наумовски

Дарко Младиќ: Татко ми пред мои очи беше убиен во Хаг!

А1он

(ВИДЕО) Телото на Ратко Младиќ пречекано со воени почести, на погребот се очекуваат десетици илјади граѓани

A1on

Од Хаг потврдија дека телото на Младиќ е пренесено во Србија и изразија солидарност со жртвите

A1on

Вучиќ: Телото на генерал Младиќ е преземено, треба да пристигне во Србија доцна попладнево