СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук

Од:

Советникот на СДСМ од Кавадарци, Вуко Мелов, бил повикан на информативен разговор во полициска станица за пост на Фејсбук објавен на страницата Мое Кавадарци. Објавата алармира за реалните проблеми кои ги имаат лозарите со откупот и најавува можен протест. Ете колку е голем стравот на Мицкоски од незадоволството на граѓаните, од незадоволството на лозарите, велат од СДСМ.

– За Фејсбук постови прави притисок и повикува во полиција советници. Ова е класичен притисок, обид за заплашување и замолчување. Наместо Мицкоски да се занимава со решавање на проблемите на лозарите, криминалната организирана група на власт се обидува да изврши притоск и да замолчи советници на СДСМ.

Прво со Декрет во Собранието ни забранија да зборуваме за „економските работници“. Потоа во Ново Село посегнаа да тепаат деца, само затоа што ја кажаа вистината за водата во Гостивар. сега прават притисок врз советник на СДСМ за објава на Фејсбук. Ова се истите методи на Вучиќ во Србија. Христијан Мицкоски е уплашена од вистината, од незадоволството на лозарите, Мицкоски е уплашен од својот народ. Народот е буден, ниту можете да го замолчите ниту да го исплашите. Нема да ви помине! Доаѓа време на вистина и правда. Сите што ги спроведуваа насоките на криминалната група и се обидуваат некого да замолчат или да заплашат – ќе одговараат, велат од партијата.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата