Остра порака од Вучиќ: Марта Кос нема да ми држи лекции кој е воен злосторник и монструм“

Од:

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска упати остра порака и рече дека не жали што Марта Кос – европската комесарка за проширување ја откажала посетата на Србија.

„Како причина наведе кратко, но глупаво објаснување – величењето на генералот Младиќ, но не кажа кој го величел. Но, кога немаат ништо друго, тогаш спомнуваат сè“, рече Вучиќ.

Тој ја праша европската комесарка за проширување дали треба да им се забрани на луѓето да присуствуваат на погребот на Младиќ, да не се регулира сообраќајот и слично.

Потоа упати и остра порака:

„Тие не ја разбраа најдобро пораката на српскиот народ. И да се тргне настрана приказната за Младиќ, не разбираат колку на српскиот народ му е доста од лаги, одземање територии и ослободителни пресуди.“

Вучиќ изјави дека очекува и еден вид ослободителна пресуда за Хашим Тачи, а за Марта Кос дополнително рече дека „таман сакал со неа да разговара како за четири години ќе разговараат за кластерот 3, како и дека повторно ќе мора да разговараат со него бидејќи СНС ќе победи на изборите“.

„Мене Марта Кос нема да ми држи лекции кој е воен злосторник, кој е монструм, а кој не е“, нагласи Вучиќ и потсети на усташките извици „За дом спремни“ во земја членка на ЕУ, на кои, како што рече, никој не реагира.

Би можело да ве интересира

Вучиќ: Ќе продолжам да соборувам рекорди со појавувања на телевизија, тоа е работа на претседател

А1он

Мицкоски за изјавата на Вучиќ: Таквата комуникација прилега на минатиот век, МПЦ-ОА е столб на македонскиот идентитет

A1on

Вучиќ и Зеленски се обратија пред медиумите: „Ќе продолжиме да водиме принципиелна политика“

Зеленски кај Вучиќ во Белград

Катерина Ѓуровски

Вучиќ на одбележувањето на годишнината од „Олуја“: Повеќе нема да има злосторства врз српскиот народ

Вучиќ: Не постојат босански и хрватски Срби – сите сме Срби

А1он