1,2 милиони единици фактор 8 пристигнуваат за хемофиличарите – донацијата конечно деблокирана

Од:

Го решивме проблемот со донацијата за Институтот за трансфузиона медицина за 1,2 милиони единици на фактор 8 за хемофилија. Вредноста на донацијата е околу 500.000 долари, соопшти министерот за здравство Сашо Клековски на денешната прес-конференција.

– Оваа донација повеќе месеци беше заглавена во административни, бирократски проблеми. Благодарение на упорноста на Здружението и на Институтот, во координација со МАЛМЕД, Институтот за јавно здравје, се овозможи надминување на сите пречки – појасни тој.

Лекот веќе бил достапен за Институтот, а набрзо ќе бил и за пациентите.

– Оваа донација значително ќе ја подобри состојбата на засегнатата група пациенти со хемофилија. И во оваа прилика благодарен сум и на Институтот и на Здружението на упорноста и поттикнувањето да го решиме овој проблем – потенцираше Клековски.

Во однос на факторите за коагулација, тој беше прашан за колкав временски период ќе биде надминат проблемот и дали со донација се решава проблемот, тој информираше дека се разговарало да профункционира регистарот и да има вклученост на претставници на Здружението во Комисијата за хемофилија.

– Здружението побара во Комисијата за хемофилија нивна вклученост за да можат и во тие достапни средства што ги имаме – а тие за последните две години се значително зголемени, да се чуе нивниот глас за приоритетите како да се одвива третманот – појасни Клековски.

На значењето од оваа донација се осврна и директорот на Институтот за трансфузиона медицина, Амир Ељези.

-Сите наши пациенти со хемофилија се регуларно покриени со терапија. Оваа донација ни треба за пациентите каде што елективно ќе се планира некој вид хируршки зафат. Инаку, за сите итни случаи, Институтот располага со лекови за третирање на овие пациенти. Конкретната донација ќе ни служи за пациентите каде што планирано, елективно, дали за стоматолошки зафат или за други зафати – оперативни, се планира да се интервенира кај пациентите со хемофилија. Инаку, не само интервенцијата, туку и рехабилитацијата и понатамошниот третман бара повисоки количини и затоа мислам дека со оваа донација, на крај успеавме да се погрижиме овие пациенти да имаат доволна количина на лек. Инаку, за сите пациенти со хемофилија моментално има количини на лек, рече Ељези.

Тој дополни, дека додека министерот беше директор на Фондот, имале иницијатива заедно со Здружението да воведад и нови лекови, коишто се воведени од лани.

Цветанка Наќеска од Здружението „Хемолог“ кажа дека претходно биле дојдени до еден период кога биле во неизвеност дали ќе имаат од лекот поради тоа што мали количини им се давале месечно.

– И затоа беше побарана донацијата. Но донацијата ни се оддолжи, сепак, благодарни сме што успеавме да ја добиеме и да почнеме да ја користиме – одговори Наќеска на новинарско прашање.

На прашање дали станува збор за донација од САД, министерот Клековски одговори потврдно.

– Да, а тоа беше и дел од проблемот, бидејќи лекот е со ФДА (FDA), а не со европска регистрација и беа потребни посебни сертификации за квалитетот и тоа се заврши – одговори Клековски.

Би можело да ве интересира

Клековски: Апел да се вакцинираат децата против морбили за да превенираме можна епидемија по растот на случаи во Косово и Бугарија

Вкупно 55 случаи на западнонилска треска досега во државата, двајца пациенти се во тешка состојба

Горан Наумовски

Клековски: Мртвиот гавран од Ресен беше заразен со западнонилска треска

Горан Наумовски

Клековски: 21 лице е на лекување од западнонилска треска, се чекаат резултати за уште тројца

Горан Наумовски

Клековски: Потврдени се 44 случаи на западнонилска треска

Клековски: Почна да работи ПЕТ-скенот