Германскиот тенисер Саша Зверев славеше на почетокот од Отвореното првенство на САД и покрај многуте проблеми.
Првиот носител по пресврт го победи Италијанецот Лоренцо Сонего со 6:4, 3:6, 6:7 (7), 7:5, 6:4.
Мечот заврши во 2 часот по полноќ по локално време, по речиси пет часа голема борба.
Саша во четвртиот сет беше на еден гем од елиминација, но во 11. гем направи клучен брејк за израмнување.
Во претходните три сета, тенисерот кој го освојуваше сетот до него стигнуваше со еден направен брејк.
Драмата го достигна врвот во решавачкиот сет, а на почетокот двајцата пропуштија по една брејк-шанса.
Саша беше поуспешен во петтиот гем, а до крајот на мечот не му дозволи на 89. тенисер во светот да му се закани.
Следен ривал, во четврток, ќе му биде Квентан Алис, кој со 3:1 го елиминираше Дијаз Акоста.
