Mozzart и годинава со поддршка за првачињата на своите вработени – среќен почеток на училишната приказна

Од:

Секој нов пат започнува со еден прв чекор. За првачињата, овој септември тој чекор води кон едно ново и возбудливо поглавје – училиштето.

Првиот ранец, првите тетратки, новите моливи и боички, првото место во училишната клупа… сите овие наизглед мали нешта го прават почетокот на училиштето посебен и незаборавен.

Токму затоа, и оваа година, Mozzart на првачињата на своите вработени им подари ранчиња и комплетен училишен прибор – за нивниот прв училишен ден да го дочекаат подготвени и со насмевка.

Нашите луѓе се срцето на организацијата, а нивните семејства се дел од нивната приказна. Затоа сакаме да бидеме присутни во моментите кои се важни за нив – не само професионално, туку и лично. Од оваа година, како дополнителна бенефиција, сите родители во Mozzart кои имаат прваче имаат право на слободен ден за првиот училишен ден, за да можат да бидат заедно со своите деца и да го споделат овој посебен момент. Овој подарок е мал знак на внимание, но зад него стои голема порака – секој нов почеток заслужува поддршка,“ истакна ХР тимот на Mozzart.

Mozzart им посакува на сите првачиња училишните денови да бидат исполнети со нови знаења, искрени другарства и многу причини за радост и насмевки.

Со вакви и слични активности, компанијата ја зацврстува својата лидерска позиција – градејќи успех преку среќни и задоволни вработени.

 

Би можело да ве интересира

Јаневска: Верувајте во себе и секој ден учете – знаењето никој не може да ви го одземе

Горан Наумовски

Сиљановска-Давкова: Инвестирајте во знаење, тоа е инвестиција во иднината

Горан Наумовски

Алармантен пад на бројот на првачиња – годинава запишани речиси 5.000 помалку ученици

Горан Наумовски

Владата на Северна Македонија ризикува загуби од над една милијарда евра поради непочитување на стекнатите права на приватните организатори на игри на среќа и нивните доделени лиценци.

А1он

Фудбалот е повеќе од игра – Mozzart пишува нова приказна во Битола

Mozzart и годинава ја продолжува мисијата „Фудбалот е повеќе од игра“ – Битола добива нов мини-пич терен!