(ВИДЕО) Полицијата ликвидираше жена која со нож нападна две лица на Тајмс сквер

Од:

Жена која со нож нападна две лица на Тајмс сквер во Њујорк, при што едната жртва почина од здобиените повреди, e застрелана од полицијата откако вооружена со два ножа тргна да ги нападне и полицајците, соопшти њујоршката полиција.

Според АП, полицијата соопштила дека жената извадила два ножа од торба за пазарење и избодела 68-годишен маж во стомакот. Потоа и пришла на 32-годишна жена и ја избодела и неа во пределот на стомакот.

Двете жртви биле пренесени во болница. 32-годишната жена им подлегнала на повредите, додека мажот се наоѓа во стабилна состојба.

Инцидентот се случил во близина на полициска испостава, покрај зградата „One Times Square“, позната по традиционалното новогодишно одбројување и спуштањето на топката. Станува збор за една од најпосетуваните и најобезбедуваните локации во Њујорк.

На снимките објавени на социјалните мрежи се гледаат повеќе полицајци околу жената-напаѓач, која во рацете држи два големи кујнски ножа.

Еден од полицајците се обиде да ја совлада со електрошокер, но без успех. Жената потоа тргна кон полицајците, замавнувајќи со ножевите, по што повеќе припадници на полицијата пукаа кон неа.

Според изјава на очевидец пренесена од американските медиуми, полицајците пукале во жената двапати.

Полицијата засега не верува дека нападот бил поврзан со тероризам. Истражителите го испитуваат и менталното здравје на жената-напаѓач.

Би можело да ве интересира

Напаѓач со мачета повреди неколку луѓе во училиште во Шведска

А1он

Руски хакери тврдат: НАТО ги координира нападите на Русија

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Жена избоде четворица мажи во центарот на Лондон

Горан Наумовски

Украина во последен момент се спаси од ирански напад

Масовен руски напад врз Украина, Полска ја активираше својата авијација

(ВИДЕО) Напад во Париз: Најмалку три лица избодени на сред улица