Песков: Поразот на Украина е сè поблизу со секој изминат ден

Од:

Поразот на Украина расте секој ден и Киев го разбира тоа, изјави денес портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.

Тој изјави за порталот Вести дека поразот на режимот во Киев неумоливо се приближува секој ден, наведувајќи дека Русија напредува на сите фронтови.

„Овој пораз се приближува секој ден. Киев го разбира ова совршено добро“, рече Песков, според ТАСС.

Песков нагласи дека напредокот на руските сили е очигледен на сите фронтовски линии.

Тој изјави дека Русија ги таргетира само воените и паравоените цели во Украина.

„Степенот до кој контактите меѓу руските и американските разузнавачки служби влијаат на украинскиот мировен процес зависи од идеите и предлозите што се изнесени“, рече Песков, како што објави Танјуг.

Тој рече дека директорот на ЦИА, Џон Ратклиф, ја посетил Москва на 25 август, наведувајќи дека рускиот претседател Владимир Путин бил информиран за средбите, но не се сретнал со Ратклиф.

Би можело да ве интересира

Мелони бара објаснување од Зеленски: Кои западни сојузници знаеле за нападот во Бенгази?

Павел: Ограничена руска воена операција би можела да го загрози единството на НАТО

(ВИДЕО) „Телеграф“: Зеленски издаде надерба да се уништи „гордоста на Путин“

Грушко: Антирускиот став на ЕУ го исклучува Брисел од преговорите за европската безбедност

Кушнер: Европа води посредничка војна против Русија

IISS предупредува: Расте ризикот од руски саботажи во Европа, следниот напад може да има многу жртви