Шин Бет потврди: „Синот на Нетанјаху итно евакуиран“

Од:

Претставник на израелската контраразузнавачка служба Шин Бет потврди дека постоела сериозна безбедносна закана за Јаир Нетанјаху, синот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, поради што тој итно бил вратен од САД во Израел.

Претставникот на Шин Бет за израелската телевизија Канал 12 изјавил дека, по проценка на безбедносниот тим, била донесена одлука Јаир Нетанјаху итно да биде евакуиран заедно со неговото обезбедување.

Деталите за заканата не се соопштени, но потврдата од израелската безбедносна служба уследила по извештаите дека Јаир Нетанјаху наводно бил мета на ирански заговор за атентат во декември 2025 година, додека живеел на Флорида.

Според претходни извештаи, израелските разузнавачки служби тогаш наводно утврдиле дека ирански оперативци се наоѓале во областа на Мајами и го следеле движењето на синот на израелскиот премиер. Откако бил предупреден за опасноста, Јаир ја напуштил Флорида и се вратил во Израел.

И самиот Бенјамин Нетанјаху претходно зборуваше за наводен обид на Иран да убие еден од неговите синови.

„Иран целеше на еден од моите синови. Иран се обиде да убие, да ликвидира еден од моите синови“, изјави Нетанјаху во телефонско интервју за израелскиот Канал 14.

Иако тогаш не откри кој од неговите синови наводно бил мета, во подоцнежните извештаи беше наведено дека станува збор за Јаир.

Шин Бет сега потврдува дека заканата била доволно сериозна за да биде потребна итна реакција и враќање на Јаир Нетанјаху во Израел. Сепак, службата не прецизирала кој стоел зад заканата, ниту на кој начин наводниот напад требало да биде извршен.

Извор: Танјуг

Би можело да ве интересира

Мртва трка во Исланд: Стотина гласови ќе одлучат за членството во ЕУ

Ужас во Швајцарија: Три лица загинаа, седум се повредени во пукање на рејв забава

Предраг Петровиќ

Калибаф: Непријателот е поразен благодарение на нашето единство

Аракчи: Разузнавањето укажува на обиди за манипулирање на енергетските пазари

Зеленски призна: Складиште со муниција било во близина на станбените објекти

Нетанјаху му се закани на Ердоган: „Не сакам да ја видам Турција на југот на Сирија“