Двајца малолетници меѓу Македонците загинати во Словенија

Од:

Двајца малолетници се загината во тешката сообраќајна несреќа која вчера се случи во Словенија. Трите жртви се македонски државјани, потврди денеска Министерството за надворешни работи.

– Ве информираме дека до Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана е доставено официјално известување од словенечката полиција за тешка сообраќајна незгода што се случила на 27 август 2026 година на автопатот А1, во близина на Унец. Во незгодата животот го загубиле три лица – едно полнолетно и две малолетни лица, државјани на Република Северна Македонија. Повредени се уште две лица кои се наоѓале во возилото и кои исто така се македонски државјани. Случајот го обработуваат надлежните полициски органи во Копер. Амбасадата на Република Северна Македонија во Љубљана е во комуникација со надлежните словенечки институции и го следи понатамошниот тек на постапката, се вели во известувањето од МНР.

Во автомобилот, биле петмина, двајца се на болничко лекување.

Би можело да ве интересира

Загинаа тројца македонски државјани во сообраќајка во Словенија

А1он

Торнадо ја погоди Словенија и остави пустош: илјадници луѓе останаа без струја

Ја уби партнерката, па ја преплива реката Драва – го фатија близу местото на злосторството

А1он

Јанша комплетно ја менува политиката на Словенија: Израел добива резидентен амбасадор во Љубљана

Од Израел му честитаа на Јанша за одлуката да го повлече признавањето на Палестина: „Ова е вистинската страна на историјата“

Словенија доби нова влада, Јанша е премиер